S. boulardii Bulacol 500 je dodatak ishrani na bazi probiotskog kvasca po imenu Saccharomyces boulardii (S. boulardii) u obliku praška za oralnu suspenziju
S. Boulardii Bulacol® 500mg
  • Ефикасно решение за стомачни проблеми
  • Граничен производ
  • За дигестивен тракт
Bulacol 500 е граничен производ на база на пробиотски квасец, кој се нарекува Saccharomyces boulardii (S. boulardii) во облик на капсула за орална употреба. S. BOULARDII BULACOL® 500 со својата активност придонесува во зачувувањето на здравјето и функцијата на дигестивниот тракт, односно го ублажува интензитетот и времетраењето на стомачните тегоби, како што се дијареја (пролив), надуеност, мачнина, болка во стомакот.
  • За кого е наменет Bulacol 500 и кога се употребува?
    S. boulardii Bulacol® 500 може да се применува кај возрасни, во текот и после антибиотската терапија. Капсулите S. BOULARDII BULACOL 500® се од растително потекло, поради што може да ги употребуваат и вегани и вегетаријанци.
  • Како се употребува Bulacol 500?
    Една капсула се проголтува со малку течност. Во случај граничниот производ да се употребува кај лица кои не можат да ја проголтаат капсулата, капсулата може да се отвори и нејзината содржина да се промеша во мала количина на течност и веднаш да се испие. Храната не влијае на земањето на граничниот производ.
  • Важни информации
    Препорачаната доза не смее да се прекорачи.
    Производот не треба да го земаат лица, кои имаат преосетливост на која било составна компонента на граничниот производ.
    Доколку истовремено со граничниот производ S. BOULARDII BULACOL® 500 се користи некој антимикотик (лек за терапија на габични инфекции), може да дојде до намалување на ефикасноста на препаратот.
    Истовремената консумација на алкохол со граничниот производ S. BOULARDII BULACOL® 500, ја намалува ефикасноста на препаратот, бидејќи алкохолот ги убива микроорганизмите кои ги содржи овој граничен производ. Примена на производот со Saccharomyces cerevisiae var. boulardii s, не се препорачува кај имунокомромитирани лица, лица кои се имуносупресивна терапија, вклучуваќи ги пациентите со алографт, кај лица со крвава дијареја, како и кај лица со централен венски катетер.
    Пред употреба внимателно прочитајте го упаството.
  • Како се чува Bulacol 500?
    Да се чуваат на собна температура, заштитени од влага. Да се чува подалеку од дофат на деца.
    Производот не треба да се користи по истекот на датумот означен на пакувањето.
  • Пакување
    Кутија со 10 капсули

    Производител на граничниот производ

    HEMOFARM A.D. Vršac, Ogranak pogon Šabac, Hajduk Veljkova bb, Шабац, Р.Србија
    Носител на одобрението за ставање на граничниот производ во промет

    ХЕМОФАРМ А.Д. ФАРМАЦЕВТСКО – ХЕМИСКА ИНДУСТРИЈА ПРЕТСТАВНИШТВО СКОПЈЕ
    ул. Митрополит Теодосиј Гологанов бр.60Б/1-5, Скопје, Р.Северна Македонија.
  • S. boulardii Bulacol 250 je dodatak ishrani na bazi probiotskog kvasca po imenu Saccharomyces boulardii (S. boulardii) u obliku kapsula
    S. Boulardii Bulacol® 250
    • Ефикасно решение за стомачни проблеми
    • Граничен производ
    • За дигестивен тракт
    S. BOULARDII BULACOL® 250 е граничен производ на база на пробиотски квасец, кој се нарекува Saccharomyces boulardii (S. boulardii) во облик на капсула. S. BOULARDII BULACOL® 250 со својата активност допринесува во зачувувањето на здравјето и функцијата на дигестивниот тракт, односно го ублажува интензитетот и времетраењето на стомачните тегоби, како што се дијареја (пролив), надуеност, мачнина, болка во стомакот.
  • Што е Saccharomyces boulardii и како делува?
    Saccharomyces boulardii е пробиотски квасец кој дејствува во луменот на цревата и претставува прва линија на одбрана од патогени. Тој има способност да ги врзе патогените бактерии и нивните токсини (Escherichia coli, Clostridium difficile), за својата површина и го стимулира нивното исфрлање од организмот. На тој начин, Saccharomyces boulardii го спречува врзувањето на патогените за ѕидот на цревото и манифестацијата на токсични ефекти, кои се најчесто проследени со болка во стомакот, мачнина и пролив.
  • За кого е наменет S. boulardii Bulacol 250 и кога се употребува?
    Граничниот производ S. BOULARDII BULACOL® 250 се препорачува:
    • Кај акутна дијареја (пролив) кај возрасни и деца постари од 3 години;
    • Кај дијареја предизвикана од земање на антибиотици;
    • Кај патничка дијареја;
    • Како додаток на терапијата на цревни заболувања предизвикани од бактеријата Clostridium difficile;
    • Како додаток на терапијата која се користи за ерадикација на Helicobacter pylori

    S. boulardii Bulacol 250 не треба да се користи во случајот на позната преосетливост на која било составна компонента на граничниот производ кај лица со нарушено здравје и пациенти со централен венски катетер.
  • Како се употребува S. boulardii Bulacol 250 ?
    Капсулите проголтајте ги со малку течност. Во случај граничниот производ да се употребува кај деца или кај лица кои не можат да ја проголтаат капсулата, капсулата може да се отвори и нејзината содржина да се промеша во мала количина на течност и веднаш да се испие. Храната не влијае на земањето на граничниот производ.

    Во зависност од проблемите се препорачуваат следните дози:
    • Кај акутна дијареја се земаат 1-4 капсули на ден.
    • Кај дијареја која е последица на употреба на антибиотици се земаат 1-4 капсули на ден.
    • Кај дијареја која е последица на инфекција со бактеријата Clostridium difficile се земаат 4 капсули на ден во тек на 4 недели, заедно со антибиотската терапија на инфекцијата.
    • Во случај на Кронова болест, се зема една капсула трипати на ден во времетраење до 9 недели.
    • Кај улцеративен колитис се зема по 1 капсула трипати на ден
    • Како додаток на терапијата за ерадикација на бактеријата Helicobacter pylori, се зема 1 капсула на ден заедно со пропишаната терапија.

    Дополнителни информации:
    Доколку истовремено со граничниот производ S. BOULARDII BULACOL® 250, земате перорлно некој антимикотик (лек за терапија на габични инфекции), може да дојде до намалување на ефикасноста на препаратот.
    Истовремената консумација на алкохол со граничниот производ S. BOULARDII BULACOL® 250 ја намалува ефикасноста на препаратот, бидејќи алкохолот ги убива микроорганизмите кои ги содржи овој граничен производ.

    Капсулите на производот S. boulardii Bulacol 250 се од билно потекло и може да ги користат вегани и вегетаријанци.
  • Како се чува S. boulardii Bulacol 250?
    Да се чуваат на собна температура, заштитени од влага.
    Да се чува подалеку од дофат на деца.
    Производот не треба да се користи по истекот на датумот означен на пакувањето.
  • Пакување
    Кутија со 10 капсули

    Производител на граничниот производ

    HEMOFARM A.D. Vršac, Ogranak pogon Šabac, Hajduk Veljkova bb, Шабац, Р.Србија
    Носител на одобрението за ставање на граничниот производ во промет

    ХЕМОФАРМ А.Д. ФАРМАЦЕВТСКО – ХЕМИСКА ИНДУСТРИЈА ПРЕТСТАВНИШТВО СКОПЈЕ
    ул. Митрополит Теодосиј Гологанов бр.60Б/1-5, Скопје, Р.Северна Македонија
  • Bulacol Najčešća pitanja i odgovori
    Bulacol Najčešća pitanja i odgovori
    Clostridium difficile
    Најчести прашања и одговори
    Bulacol Najčešća pitanja i odgovori